Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување на Канал 5, потврди дека партијата сака да го види во своите редови поранешниот лидер Љупчо Георгиевски.
Од ВМРО-НП, пак, велат дека постои отворена понуда од ВМРО-ДПМНЕ, но како што посочуваат, во моментов целата работа се базира само на желби.
– Претседателот на нашата партија нема изјавено дека ќе се врати во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, туку оваа информација во јавноста ја пласираше Христијан Мицкоски само затоа што тој има желба да соработува со Георгиевски. Кај нас во партијата никогаш не сме разоварале за нешто такво, иако можам да потврдам дека ВМРО-ДПМНЕ има отворена понуда за нашиот лидер. Засега не се знае како ќе се одвиваат работите, бидејќи и премиерот Зоран Заев инсистрира нашата партија да ѝ се приклучи на владината коалиција. Наскоро ќе имаме партиски состанок, ќе ги истумачиме понудените опции и ќе решиме за натамошните чекори – вели Ванчо Евтимов од ВМРО-НП.