Изгубил контрола над возилото и се превртел

by Fokus

Четириест и тригодишен светиниколчанец излетал со автомобилот и пат и се превртел, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 19.00 часот на патот Куманово-Свети Николе, кај место викано „Кантонче“, Д.Ј. (43) од Свети Николе, управувајќи  патничко моторно возило „Сеат Алхамбра“ со бугарски регистарски ознаки, изгубил контрола, по што возилото излетало од патот и се превртело. Притоа, Д.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Штип.

Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости