Во македонската триесетгодишна демократија досега заминале многу министри ама вакво плачење за министерска фотелја одамна немаме видено, реагира ВМРО-Народна партија на тврдењата на актуелниот вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров кој нема да биде дел од новата влада, а на заминување ја обвини власта дека нема да биде дел од новата влада поради своите позиции за бугарското прашање.
-Димитров во своето заминување за да се претстави како патриот ја избира токму темата за Бугарија.
На тој начин самиот му помага на нашиот источен сосед кој цело време вели дека „да се биде бугарин во Македонија е многу тешко“.
Не смееме да заборавиме дека семејството Димитрови е едно од најпрозваните во минатите триесет години како бранители на тезата за „македонските бугари“. Има многу колумни па дури и книги од членови на неговото семејство кои зборуваат за бугарскиот карактер на Македонија.
Овој негов излив на антибугаризам го сметаме само како доказ за тоа со какви лични фрустрации и комплекси растело едно дете во такво семејство, се вели во реакцијата на ВМРО- Народна партија.