570
ВМРО-НП ќе одлучи дали ќе учествува на претстојните предвремени парламентарни избори на 5 јуни откако прво меѓународната заедница ќе соопшти дали се исполнети условите за оддржување на изборите.
„Заради позицијата на гарант за спроведување на Пржинскиот договор, меѓународната заедница јасно, прецизно и конкретно да го каже својот став дали се исполнети условите за одржување на изборите на 5 јуни и дали е спремна да ги прогласи изборите за регуларни, а резултатите за легитимни“, се наведува во соопштението на партијата на Љубчо Георгиевски.