ВМРО-НП бара дополнителна лустрација

by Фокус

Собранието на предлог од Владата да спроведе лустрација во сите научни кругови и да ги обелодени со име и презиме сите историчари, лингвисти, магистри, доктори на науки, професори и академици кои во своите трудови научно и историски го докажаа словенскиот идентитет на македонскиот народ, побара денеска партијата на Љубчо Георгиевски.

Оваа реакција е поттикната од бурните реакции и полемики што ги предизвика изјавата на новиот американски амбасадор во Македонија, со која идентитетот на македонскиот народ го нарече словенски.

– Во име на многуте изманупулирани генерации бара одземање на нивните звучни титули, со кои се стекнале работејќи токму на изучувањето на словенскиот идентитет на македонците, кои се напишани на македонски јазик за кој самите тврдат дека потекнува од групата на словенски јазици, а сега целосно негирајќи се себеси и нивниот минат труд, ревносно да го наметнуваат античкиот идентитет. Одбирајќи помеѓу комодитетот што го обезбедува вазалството кон власта, а на штета на научната вистина, на најбеден начин го распродадоа својот личен авторитет и стекнатиот углед во научните кругови. Заради сево ова, од нив самите не можеме да очекуваме храброст и искреност да застанат во одбрана на поранешните нивни научни достигнувања. Затоа, предлагаме да се формира Комисија што ќе ги лустрира носителите на престижните титули, заради кои, последниве 5-6 години е направен целосен хаос и невидена подвоеност меѓу народот, во поглед на идентитетската припадност – велат од ВМРО-Народна партија.

Поврзани новости