Претставниците на партијата на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов жестоко реагираат на предложениот амандман со во Годишниот извештај на Европскиот парламент со кој членови на бугарската влада се осудуваат за давање провокативни изјави за историјата кон Македонија.
Заменик-претседателот на партијата и пратеник во Европскиот парламент, Ангел Џамбаски вели дека „скандалозната корекција со амандманот 77-А која е направена од претставниците на Социјалистите и на Зелените во ЕП е насочена директно против бугарските национални интереси во односите со С. Македонија“.
-Оваа предложена корекција јасно покажува дека ако ВМРО не остане на власт, Македонија одново ќе биде предадена. Таа е срамна. Не затоа што е потпишана од Партијата на европските социјалисти на Станишев, туку затоа што се меша во внатрешните работи на Бугарија и е лажна и неточна, од почеток до крај. Претпоставувам, така да кажам, дека некои од моите колеги во Европскиот парламент направил сериозен компромис со совеста, за да не речем дека биле објекти на лобисти од Скопје. За да напишеш таква отворена лага и таква отворена глупост или треба да си направил компромис под некоја форма на лобирање или местото не ти е во Европскиот парламент. смета тој.
Предложениот амандман гласи:
„Се осудуваат неодамнешните провокативни изјави на членови на бугарската влада во однос на историските прашање кои ја засегаат Северна Македонија и се противречни со духот на Договорот за добрососедски односи со Бугарија. Се повикуваат бугарските власти да се воздржат од слични изјави, со оглед на предизборната кампања во Бугарија која е во тек. Го поздравуваме зрелиот и балансиран одговор на тие провокации од владините преставници во Северна Македонија.“