Независниот синдикат на полицијата преговара за вакцинација на полицајци во Србија

by fokus

Независниот синдикат на полицијата денеска објави дека во завршна фаза се преговорите за вакцинирање на полицајци во Република Србија.

-Ве известуваме дека Независниот Синдикат на Полицијата, во соработка со збратимените синдикати од Р. Србија е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество вакцини за членовите на НСП. Вакцинацијата првенствено на членовите, но и на останатите вработени од организационите единици со најголем ризик кои доброволно ќе се пријават, ќе се одвива во Р. Србија по претходно изготвен план од работно тело кое ќе го формира Синдикатот и за кое дополнително ќе Ве известиме, соопштија од Синдикатот.

Поврзани новости