Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека на 22.11.2022 година во РЕК Битола бил склучен коруптивен договор во висина од 20 милиони евра
ВМРО-ДПМНЕ не може да престане со лагите и манипулациите. Договорот што ВМРО-ДПМНЕ денеска го спомнува се однесува на период од 18 месеци, односно ќе се покрива ископот на јаглен во текот на грејната сезона 2022/2022 и следната грејна сеозна, 2024/2025, реагираат од СДСМ по обвинувањата од опозицијата дека РЕК Битола, за ист тендер, лани платил 13 милиони евра, а оваа година 20 милиони евра.
-Како што јавно објави и АД ЕСМ, сето тоа е со цел да не се случи завршување на Договорот во текот на грејна сезона. Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за енергетиката покажува фактот што оваа партија блокираше поволен заем од 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка на енергетските капацитети во време на светска економомска и енергетска криза, реагираат од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека на 22.11.2022 година во РЕК Битола бил склучен коруптивен договор во висина од 20 милиони евра, а на тендерот имало еден понудувач „Марковски-компани“ која понудила сума толку колку што планирале да потрошат од РЕК Битола.