808
Докторот Борче Јовчевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп на претстојните локални избори, објави Антонијо Милошоски на фејсбук.
Негов противкандидат од СДСМ најверојатно ќе биде досегашниот директор на царината Горан Сугаревски.
Инаку, ова е втор кандидат за градоначалник што го објави опозициската партија, откако вчера го промовираше Кирил Пецаков за Охрид.