Трамп негира дека планирал државен удар

by fokus

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги отфрли последните тврдења дека планирал државен удар во САД доколку Џо Бајден победи на претседателските избори во 2020 година.

„И покрај масовните измами и нерегуларности за време на претседателските избори во 2020 година, никогаш никому не сум се заканил, ниту сум разговарал со некого за државен удар“, напиша поранешниот претседател на Телеграм.

Трамп го исмеа претседателот на Советот на генералштабовите на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили, кој наводно ги изнел таквите обвинувања.

Поврзани новости