ВМРО го обвини Заев за нападот врз Тодоров

by Фокус 15:17
15:17

 

СДСМ и Заев долго време го подготвувале теренот за ваквиот монструозен акт, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ во однос на нападот врз веќе поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

„Сега јавноста може да ја види катастрофата од деструктивната политика која следи како нуспродукт од насилничкото враќање на животот. Зоран Заев најавуваше дека „ќе се пука“ и дека „живи луѓе ќе јадел“. Тоа се неговите реформи. Тоа е начинот на кој што го враќа животот. На првиот ден од доаѓањето на власт сведоци сме на подмолен, вооружен напад врз министерот Тодоров, кој благодарение на присебноста успеа да го избегне атентаторот“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

Поврзани новости