Дедото на Тамара пукал со гасен пиштол?

by fokus

Дедото на Тамара, кој денеска околу пладне пукаше во ексминистерот Никола Тодоров пукал со импровизиран гасен пиштол, дознава „Фокус“.

Според познавачите на овој тип на оружје станува збор за несмртоносно оружје, кое најчесто се користи во самоодбрана.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) излегоа со официјално соопштение за инцидентот што денеска се случи пред Министерството за здравство, но во него немаше детали за пиштолот.

-Денеска (01.06.) околу 12 часот пред објектот на Министерството за здравство во Скопје, според првичните сознанија лицето Љ. С.(60) од село Долно Каласлари, велешко испукал два проектили од пиштол кон поранешниот министер за здравство Н.Т. кој не е повреден по нападот. Од страна на полициски службеници Љ.С. е приведен на местото на настанот, каде што eпронајдена една чаура. Истрагата е во тек и се работи на целосно расчистување на случајот.

Од страна на полициски службеници Љ.С. е приведен

Поврзани новости