ВМРО-ДПМНЕ: Зошто во јавното здравство не се дава терапија, а ја има за пари во приватното?

by Фокус

Филипче и на полноќ да ги објави резултатите нема да ги покријат траорните бројки, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако Министерството за здравство објави дека регистрирани се 1.321 нови случаи на ковид 19, а 26 пациенти починаа.

„Филипче не дава оставка, а тоа е најмал чин кој може да го направи во оваа ситуација. Филипче бидејќи не дава оставка го прашуваме дали чувствува задоволство во својата фотеља кога гледа како се губат животи. Соодветна терапија нема секаде и за секого, затоа прашуваме зошто озонската терапија ја нема во јавното здравство, односно се дава редуцирано додека за пари во приватното здравство ја има“, велат од опозициската партија.

Поврзани новости