Заев поддржува легализација на употребата на марихуана

by Фокус

Премиерот Зоран Заев денес порача дека освен декриминализација, лично поддржува и легализација на употребата на марихуана.

-Сакам да ја поддржам постапката која што почна, за декриминализација на марихуаната. Верувам дека во иднина ќе се создаде амбиент, лично поддржувам и легализација заради тоа што преку таа мерка ќе може да ги унапредиме услужните дејности коишто многу малку партиципираат во нашиот БДП – рече Заев.

Тој смета дека на овој начин ќе се зголеми туризмот и угостителството.

Поврзани новости