ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев мора да си поднесе оставка

by Fokus

Зоран Заев мора да си поднесе оставка и да престане да изнаоѓа смешни оправдувања потценувајќи го народот, истакна денеска Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Поминаа точно 38 дена, а Зоран Заев нема абер да се повлече од политиката како што самиот вети доколку изгуби на овие изборите, а ги изгуби. Помина повеќе од месец кога на 11-ти декември беше поразена деструктивната и манипулативна политика на СДСМ и на Зоран Заев. Народот мнозинската поддршка му ја даде на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“, а Зоран Заев се повлече и одлучи да се крие – тврди Јовановски.

Поврзани новости