Деблокиран патот Битола-Ресен, на Деве Баир се чека половина час

by Fokus

Патниот правец Битола – Ресен кај населбата Баир од 17 часот е отворен за сообраќај, соопштија од АМСМ.

Од таму тврдат дека за секаков вид сообраќај останува затворен патот Македонски Брод – Здуње на кој гравитираат 11 села.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на Македонија пат. Слаб снег провејува на Попова Шапка кој не се задржува на коловозот.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на Деве Баир каде што се чека 30 минути. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Поврзани новости