ВМРО-ДПМНЕ: Знаеме колку тежи зборот на Заев

by Fokus

Криминалецот Зоран Заев од една страна го лаже народот дека ќе застане во заштита на националните интереси, а од друга страна не се откажува од реализирањето на Тиранската Платформа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– При вчерашната прес конференција неговиот коалиционен партнер Зијадин Села изјави дека ниту потпишал, ниту има намера да потпише или почитува гаранција побарана од Претседателот Иванов. За Села откажувањето од Тиранската Платформа би било како да се откаже од иднината на своите деца. Заев ќе мора да избере дали ќе остане на гаранцијата дадена пред Претседателот Иванов и граѓаните и ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето на резолуција за геноцид врз Албанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне во реализација на ветувањата дадени пред лидерите на албанските партии – се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ и народот знае колку тежи зборот на Заев.

 

Поврзани новости