ВМРО-ДПМНЕ: Жестоко ќе се спротивставиме на кукавичкото однесување на СДСМ

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение најавија дека жестоко ќе се спротивстават на „ова кукавичко однесување“ на СДСМ во однос на Законот за јазици.

-Со сите дозволени средства ќе се обидеме оваа тема да не помине незабележано и на најгласен можен начин ќе се бориме и ќе зборуваме колку и да пробуваат да нè замолчат, за македонските граѓани да го видат и да го слушнат ова однесување на пратениците на СДСМ кои што никогаш па ни сега не се грижеле за потребите на граѓаните. Пратениците на СДСМ на најкукавички начин се откажаа од дебата за Законот за јазиците чија цел е воведување двојазичност на целата територија. Сакајќи да се протне двојазичноста на Македонија на мала врата и да се скрати дебатата, денеска пратениците на СДСМ иако претходно беа пријавени за дискусија за Законот за употреба на јазиците, се откажаа од дискусија со што според нив очигледно ова е тема којашто СДСМ сака да биде што поскоро завршена, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости