Милошоски: Законот за јазици не им е потребен на Албанците, туку на функционерите на ДУИ

by fokus 21:43
21:43

Се уште трае седницата на која се расправа за Законот за употреба на јазиците, односно потребата од донесување на овој закон. Пратеникот Антонио Милошоски рече дека обичниот Албанец нема потреба од ваков закон.

-Носењето на овој закон не е потреба на обичниот Албанец, туку потреба на функционерите од Албанци од ДУИ да ја покријат својата неспособност и корумпираност, рече Милошоски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги предупреди пратениците дека нема да им дозволи да дискутираат доколку излегуваат надвор од темата и доколку не се држат до потребата за донесување ваков закон.

- Advertising -

Поврзани новости