ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот врз Данела Арсовска од страна на Саше Ивановски – Политико, кој го сметаме како резултат на нервозата на Петре Шилегов пред избори, реагираат од опозициската партија.
„Нападите и говорот на омраза кон Данела Арсовска од структури блиски до СДСМ се последица на однесувањето на Петре Шилегов и Зоран Заев.
Го повикуваме и Петре Шилегов и Зоран Заев да го осудат нападот врз Данела Арсовска, во спротивно тие ќе бидат виновни за сите идни напади врз кандидатот за градоначалник Данела Арсовска.
Истовремено го повикуваме Петре Шилегов да не оди на наместени интервјуа, туку да одговори пред граѓаните за наместениот тендер од 300.000 евра во ЈП Водовод, како гради зграда дивоградба во Карпош и зошто никоја институција не смее да реагира, како и како го зголеми својот имот за неколку стотици илјади евра и стана олигарх со чиновничка плата од 1.000 евра“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.