Костов: Хирурзите се потребни за помош на заразените пациенти

by Fokus

Директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов истакна дека ја разбира потребата за зголемување на бројот на оперативни сали и денови кај колегите од хирургија. Притоа тој додаде дека секојдневно е информиран за оперативниот програм во нивната установа.

„Меѓутоа согласно бројот на анестезиолози, земајќи го во предвид и бројот на оправдано отсутни, заради болест, нивниот ангажман во ковид одделенијата, редуцираниот број на хируршки одделенија заради зголемување на капацитетот на одделенија за лекување на Ковид позитивни пациенти согласно препораките на Министерството за здравство во кои е потребен поголем број на медицински персонал, ставен е акцент на оперативно лекување на пациенти кај кои одложувањето на оперативните интервенции би довело до загрозување на нивниот живот (малигноми и фрактури). И овие интервенции се одвиваат без застој, вели директорот.

Поврзани новости