Секој ден бележиме трoцифрена бројка на новозаразени, а Филипче и Заев глумат нормалност. Вчерашната бројка од 111 новозаразени само уште еднаш ја потврди неспособноста на Филипче и СДСМ, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува енормни 3.025 од кои активни случаи се 1.226, а Филипче лаже дека пандемијата е намалена. Бројката од 153 смртни случаи алармира дека ништо не е во ред. Опасната неспособност на владата на Заев, Спасовски и површноста на Филипче не доведе до катастрофални резултати, се вели во нивното соопштение.
Според нив „Форбс“ ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на корона вирусот, а Македонија воопшто не е на листата. За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија.
-Освен отсуството на реални чекори за справување со кризата од пандемијата од Ковид-19 се случува и вистински хаос со тестирањето на новозаразени. Постои сомнеж дека Комисијата за заразни болести и Венко Филипче манипулираат со бројот на новозаразени. Доволен доказ за тоа беа случаите пред неколку дена за градовите Штип и Велес каде што Филипче се обиде да сокрие 15 новозаболени. Се говори за една интерна одлука, а тоа е оние кои се асимптоматични заразени, кои дошле во допир со заразени да не се тестираат. Таа бројка се говори дека воопшто не е мала, туку над 200. Ако е точно, тоа е потенцијално уште една експлозија на над 200 кластери кои ќе заразат уште повеќе. Сево ова говори како Филипче и Заев не се грижат за здравјето на граѓаните. Eдинствено за што се грижат се изборите и нивните фотелји. Со СДСМ на власт единствено добивме хибриден режим, сиромаштија и корупција, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.