СДСМ: Најодговорно да ги почитуваме мерките за лична заштита, само заедно ќе го победиме коронавирусот

by Fokus

Сега е најважно, секој од нас, без исклучок, постојано и доследно да ги почитува мерките за заштита на здравјето. Сега влегуваме во клучниот период од борбата против коронавирусот. Ако сега се посветиме сите, преку строго преземање лична заштита, ќе успееме бројот на новозаболени да го сведеме на минимум, се вели во соопштението на владејачката партија СДСМ.

-Ако тоа не го сториме, ќе имаме долга и тешка борба со вирусот и закана по нашето здравје, нашата економија, нашето секојдневие. Вирусот е тука, опасен е, иако е јасно е дека многу мал број граѓани имаат симптоми од него. Но, тука нема правила, секој од нас е под потенцијален здравствен ризик. Затоа, оваа битка можеме да ја добиеме само ако сите без оправдувања ги почитуваме мерките воведени од здравствените експерти и епидемиолозите, порачуваат тие.

Според нив сите треба да носиме маски, да држиме дистанца и редовно да дезинфицираме. Да го штитиме нашето здравје, а со тоа ќе го заштитиме и јавното здравје.

-Убедени сме дека ќе успееме, заедно ќе го совладаме невидливиот непријател, велат од СДСМ.

Поврзани новости