-Ова свесно манипулирање и делење папки е ништо друго освен обид за закана и уцена до секој еден граѓанин од нашето општество. Ако Заев мисли дека со уцени и закани ќе успее да добие поддршка од граѓаните, тогаш многу грешно си ги пресметал работите. Времето ќе покаже кој е во право и на кого граѓаните му даваат поддршка и му веруваат во врска со овие срамни конструкции и сценарија, кои опозицијата на чело со Заев ги одработува, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на денешната пресконференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на која ја објави петта „бомба“.
Во соопштението на владејачката партија уште се вели дека СДСМ сака да предизвика дестабилизација, да го наруши меѓународниот углед на државата и да создаде конфликти во нашето општество и дека заканите кои Заев секојдневно ги упатува кон политичари, судии, новинари, јавни обвинители, бизнисмени и граѓани не плашат никого.