Утре протестен перформанс пред МРТ

by Фокус

Платформата за граѓанска политика „Ајде“, утре во 12 часот, ќе одржи протестен перформанс пред Македонската радиотелевизија за да го покажат  револтот од начинот на кој таа известува и за да и порачаат дека таа е должна да биде сервис на сите граѓани, а не владин мегафон.

На настанот свои говори ќе одржат новинарите и граѓански активисти Зоран Бојаровски, Сашка Цветковска, Инес Ефремова, Јана Коцевска и Билјана Бејкова. Тие ќе говорат за слободата на изразување и слободата на медиумите, должноста на МТВ да биде сервис на сите граѓани и да дава простор на различни мислења, како и за пропагандата која се спроведува преку Јавниот сервис.

Вчера пак, група граѓани одржа протестен перформанс пред телевизија Сител, откако на снимките од четвртата објавена „бомба“ од страна на претседателот на СДСМ Зоран Заев, уредникот Драган Павловиќ- Латас вели дека вестите на неговата телевизија се пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ и дека од дванаесет прилози, седум биле нарачани.

 

Поврзани новости