419
Коалиционите партнери на Заев од Алијанса за Албанците кои како мираз му ја носат тиранската платформа вчера уште еднаш потврдија дека не им е битен државниот интерес, туку националното прашање на Албанците, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Поголема потврда од тоа дека од Алијанса за Албанците ќе коалицираат заради исполнување на барањата од тиранската платформа со СДС, а не за некакoв „граѓански концепт“ кој Заев ни го продава, нема. Зоран Заев е очаен и има патолошка потреба за власт. Заев во власта гледа единствена надеж за спас и амнестија од сите криминали кои ги има сторено тој и неговата криминогена врхушка во врвот на СДС“, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.