Македонски Телеком нема добиено покана од СЈО за средба

by fokus

Македонски Телеком нема добиено официјално барање од СЈО. „Компанијата соработува со надлежните државни органи и согласно законската регулатива не може да ги коментира постапките кои што се водат од нивна страна“, стои во одговорот на компанијата.

Ова доаѓа откако Специјалното јавно обвинителство потврди дека во наредниве денови ќе биде остварена средба помеѓу обвинителите и претставници на мобилен оператор во земјава без да потенцира со кој.

Во  извештајот за шестмесечната работа на СЈО се наведува дека во рамки на истрагата за предметот Таргет за масовното прислушување  Кривичниот суд 4 пати одбил да издаде наредба за претрес во компјутерски систем во Македонски Телеком.

Поврзани новости