ВМРО-ДПМНЕ: Заев уште во 2018 честиташе датум за ЕУ кој уште го нема

by Fokus

Со Зоран Заев, Македонија не може да има европска иднина. Неговото владеење е хибриден режим, а Македонија е на врвот по корупција во Европа, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Заев е заштитник на криминалот, корупција и рекетот во државата. Заев е политичар кој од европски вредности подразбира само евро за Вицето, евро за црквата. Нема европска земја каде што постои сомнеж дека куфери полни со милиони евра завршувале кај премиерот и неговиот брат. Тоа го гледа и европската јавност. Затоа денес Заев е изолиран политичар. Сите знаат дека тој е капо ди тути капи на сите рекетарски и корупциски шеми во државата. Народот, пак, во Македонија секогаш кога ќе го чуе Заев како зборува за датум за почеток на преговори со ЕУ, ја има пред себе сликата како тој честиташе датум уште во 2018 година, датум кој до ден денес се уште го нема“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости