485
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека владеачката партија на премиерот Зоран Заев создава страв кај судиите, со цел да внесе партиски кадри и да го контролира судството.
– Партијата на екс-премиерот Никола Груевски тврди дека сите законски решенија и реформи кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи во судството и судскиот систем во изминатите години беа усогласени со ЕУ и произлегоа од процесот на прилагодување на Евопската регулатива, па поради тоа партијата уште еднаш „ја повикува ЕУ да реагира на планот на СДСМ за партизација на судството – се наведува во партиското соопштение.