Заев денеска во суд за „Поткуп“

by Fokus

Ново рочиште за судењето за случајот „Поткуп“ во кој на лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев му се суди дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп за приватизација на државно земјиште, закажано е за денеска во скопскиот Кривичен суд.
На последното рочиште одбраната на Заев побара препис на доказите од предметот.

Судијката Дијана Груевска Илиевска го задолжи Обвинителството да ги достави доказите со цел адвокатите да можат да подготват одбрана и да биде изнесен обвинителниот акт и воведните обраќања на Заев и адвокатите.

Поврзани новости