-Зоран Заев сака да ја излаже целокупната јавност, и Македонците и Албанците, и Турците и Србите и Ромите и Бошњаците и Власите, дека се грижи за нив, а всушност се што сака да направи е да се спаси себеси од криминалите кои стојат зад него и зад неговата фамилија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната објавена „бомба“ од страна на СДСМ.
Од владејачката партија велат дека граѓаните јасно му дале до знаење дека не поддржуваат вакво нелегално и деструктивно сценарио. Додаваат дека граѓаните не сакале ниска и гнасна политика „како онаа на Заев“.
-Финишот на политичката кариера на овој човек ќе се случи на следните избори кога тој ќе доживее пораз. Токму затоа бегаат од соочување со волјата на граѓаните. Нивната цел на сите веќе им е јасна, да се доберат преку нелегален и недемократски начин до власт и да се заштитат себеси од последиците на криминалот што го правеле, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.