Зоран Заев пред изборите ветуваше 100.000 нови работни места, повисоки плати во здравство и образование, а во владината програма нема ниту збор, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран Заев повторно предизборно ги изманипулира граѓаните. Ветуваше многу, а во програмата на Влада нема ништо од тоа.
Заев ветуваше намалување на невработеноста на 8%, а сега во програмата нема конкретна бројка, туку констатација дека ќе работат за помала невработеност. Заев знае дека не може да ја намали невработеноста на 8% и затоа тоа не го ставил во програма.
СДСМ пред избори ветуваше 100.000 нови работни места, за сега во програмата воопшто и да не го спомнува ова.
Зоран Заев ветуваше плата од 36.000 денари, сега во програма нема ниту збор за тоа. Ги нема ниту ветените покачувања на платите во здравството и образованието. СДСМ ветуваше многу, а сега ретерира.
СДСМ знаат дека не можат да исполнат ништо од тоа што го ветија.
Од друга страна го гушат приватниот сектор. Во програма на влада предлагаат соодветна правична застапеност во приватниот сектор. Ова е одлука на диктатура и спротивно на начелата на демократското општество. СДСМ само ја тоне државата, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.