ВМРО-ДПМНЕ: Заев не ја почитува гаранцијата што ја потпиша кај Иванов дека ќе го штити Уставот

by Фокус

Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпишува указот за Законот за јазици е единствено исправна одлука, бидејќи е неуставен, неприменлив и на штета на граѓаните и државата, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Законот за двојазичност е во спротивност со волјата на граѓаните, ставот на експертите, Уставот на државата и укажувањата од страна на претседателот на нашата држава. Зоран Заев ги излажа граѓаните на 17-ти мај кога ја потпиша изјавата кај Претседателот Иванов и се обврза дека ќе го гарантира уставниот поредок и нема да носи закони кои ќе бидат во спротивност со Уставот. Зоран Заев го доби мандатот благодарение на неговата гаранција дека нема да работи во спротивност со Уставниот поредок на државата и нема да го менува Уставот. Зоран Заев и СДСМ го погазија  Уставот и законите, само за да ја одржат својата коалиција со ДУИ“, стои во соопштениете на ДПМНЕ.

Од опозициската партија сметаат дека секој обид за објавување на законот во службен весник и стапување на сила без потпис на претседателот на државата претставува кривично дело.

Поврзани новости