-ВМРО-ДПМНЕ е згрозена од обидот на Зоран Заев и СДСМ да направи удар врз безбедносниот систем на Република Македонија и врз капацитетите на специјалните сили на Министерството за внатрешни работи. Посебно сме фрапирани од атакот кој Зоран Заев го направи спрема пријателски држави кои многу пати до сега и помагале на Република Македонија, пишува владејачката партија во денешното соопштение.
Според нив, Зоран Заев издал државна тајна за набавка на опрема и оружје за специјалните единици на Република Македонија и за комуникација помеѓу безбедносни системи на две држави. Тие велат дека обидот за компромитацијата која Зоран Заев го направил кон претставници на безбедносни системи на други пријателски држави, јасно говорел дека неговата намера била да и наштети на Република Македонија, нејзиниот углед и соработката со пријателски сулужби.
За денешната објавена „бомба“ од страна на СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека била само обид да го прикрие скандалот што Зоран Заев го направил со вчерашната прес-конференција во Скопје.