Денес, господинот Заев додека се шеткаше со скапиот мотор низ Тетово заедно со другарчињата, требаше најпрвин да му се јави на Директорот на Заводот за вработување во Тетово и да го праша:„Колкав е бројот на ново невработени лица во тетовскиот регион во последната година, и дали е точно дека нивниот број во последната година е зголемен за 7.588 лица“, критикува опозициската ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи слика на која тврди дека е премиерот, Зоран Заев на мотор.
-Како се одвиваат активностите со регионалната депонија, дали има нови паркови, шеталишта, чист град, и уште многу многу други прашања. За жал, многу прашања, ама Заев денес само прошета низ Тетово, но ниту праша, а ниту пак, може да одговори на тетовчани за многуте нереализирани, лажни ветувања. А, зошто ? Затоа што знае дека ако праша, ниту некој ќе му даде одговор, а ниту пак тој може да одговори, затоа што знае дека кога ќе ги слушне нереализираните ветувања и лагите кои ги ветуваше, ќе му остане само скришкум да си замине, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.