ВМРО-ДПМНЕ: Заев најавува ново задолжување од 700 милиони евра, одговорност ќе има!

by Fokus

 

Владата најавува ново задолжување преку еврообврзница од 700 милиони евра. Овие пари власта ќе ги позајми пред изборите со што се спрема за нов поткуп. Заев со ова задолжување ќе го задолжи секој еден граѓанин со нови 22.000 денари. Со ова вкупниот долг ќе достигне 7 милијарди евра од кои речиси 3 милијарди евра се задолжени во последните 4 години, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата вели дека кризата поминала, а од друга страна се задолжува без усул. Доколку економијата е стабилна и кризата е помината, тогаш зошто ќе зема нови 700 милиони евра, ако не само за поткуп пред избори? Зоран Заев треба да ѝ објасни на македонската јавност каде ги потроши 2 милијарди евра за кои се задолжи во изминатата година дена, како и каде ќе ги потроши овие 700 милиони евра. Зорам Заев мора да знае дека по промената на власта ќе има детална истрага каде, како и за што биле трошени парите на граѓаните, кои треба да се враќаат во следните 10, 15 или 20 години. Одговорност ќе има, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости