Османи: Бугарските здруженија веднаш треба да побараат графа во рамките на пописот

by Fokus 09:25
09:25

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, утрово се огласи во врска со реакциите на правата на бугарската заедница во земјава и порача дека граѓанските здруженија треба веднаш да ги контактираат пописните органи и да си побараат соодветна графа во пописот. Земјава, порачува тој, има исклучително успешен модел на мултиетничко општество и никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница.

-Република Северна Македонија има исклучително успешен модел на мултиетничко општество. Покрај колективните права на поголемите заедници, постојат функционални механизми за заштита и на помалите етнички заедници. Во ова смисла никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава, и нивната посебност; напротив, граѓанските организации треба да бидат охрабрени да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување на своите колективните права. Уште веднаш, претставниците на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел утврдување на квантитативната, демографската и географска дистрибуција на оваа засебна заедница, што би придонело значајно при формирањето на идните политики и на Владата, и на соодветните единици на локалната самоуправа и воопшто на државата, вели Османи во реакцијата.

- Advertisements -

 

Во однос на македонските Бугари, пред два дена стигна и информација од Бугарија дека претседателот Румен Радев имал средба со шефовите на специјалните служби на која побарал да преземат мерки за заштита на Бугарите во Северна Македонија.

На тоа реагираа и претседателот и премиерот, а нивните реакции беа во иста насока односно со порака дека двете земји се сојузнички во НАТО, не се потребни специјални служби, како и дека тоа претставува мешање во внатрешните работи на друга земја.

 

Поврзани новости