405
ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција соопшти дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев со најавите за реизбор на судии сакал да ги покрие отстапките на штета на државата и националните интереси кои ја редефинираат Македонија.
„СДС еднаш веќе го имаше унакажено и целосно партизирано судството со реизбор на 600 судии кои ги имаа поминато нивните партиски филтри“, додавејќи дека тогаш судството го допрело дното, а сега Заев сака да го реализира истото сценарио и да се спаси од одговорнст за криминалите што ги правел – се наведува во партиското соопштение.