Напаѓачот на Заев и на Шеќеринска се гони за учество во толпа

by Fokus

Напаѓачот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на пратеничката Радмила Шеќеринска вчера бил лишен од слобода и донесен на разговор по што бил предаден на Основното Јавно обвинителство во Скопје за понатамошна постапка, информираа од МВР.

Според полицијата, на 06 мај, 2017 година од страна на ЕПОИ Алфа приведен е 65- годишниот П.А. од Скопје во полициската станица Кисела Вода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело по член 385 од Кривичниот законик на Република Македонија. Со лицето бил извршен службен разговор, во кој истиот ги појаснил преземените дејствија. Имено, откако П.А. влегол во салата каде се одржувала прес конференција со употреба на физичка сила ги нападнал пратениците З.З., Р.Ш. и Р.И., а воедно се туркал со вработени од обезбедувањето. По завршување на разговорот и констатирање на дејствијата, околу 19 часот на 06.05.2017 година, П.А. е предаден на Основното Јавно обвинителство во Скопје за понатамошна постапка“

 

Поврзани новости