СДСМ е во тесно бидејќи Зоран Заев и нанесе огромен срам на Република Македонија и креираше невиден меѓународен дипломатски скандал и преседан со посетата во Израел, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако социјалдемократите порачаа дека Никола Груевски се плаши што ќе произведе посетата на опозицискиот лидр на оваа земја.
„Граѓаните на Македонија и на Израел мора точно да знаат за што се разговарало и со кого се сретнал Заев. Молкот во врска со демантите од Израел е јасен сигнал дека СДСМ потврдува дека ниту нивниот лидер се сретнал со шефот на Мосад, ниту било разговарано за внатрешни прашања во Македонија, безбеносни или финансиски. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инсистира на одговор бидејќи граѓаните на двете држави го заслужуваат тоа“, велат од партијата на Груевски.