488
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ниту знаел, ниту учествувал во некаков план со кој што му е овозможено на Никола Груевски да избега од Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако СДСМ јавно праша дали Мицкоски знаел за планот за бегство на Груевски?
„Наместо да се правдаат, сега е вистинско време двајцата да си поднесат неотповикливи оставки заради нефункционирањето на институциите и разорувањето на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со заминувањето на Никола Груевски, тоа не е опција дури и кога сите знаат дека се работи за политички прогон. Префрлањето на вината на други, Заев и Спасовски не и помагаат на Република Македонија и на правниот систем“, стои во соопштението на ДПМНЕ.