ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Шеќеринска лажат дека бараме и преговараме за некаква амнестија

by Fokus

Апсолутно е неточно дека ВМРО-ДПМНЕ бара и преговара некаква амнестија. Ваквите неточни брифирања од СДСМ се само обид да се дефокусира вниманието на јавноста од актуелните случувања поврзани со штетниот договор со Грција кој ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека треба да знаат и Заев и Шекеринска дека со ваквата оркестирана кампања, заоснована на невистини и шпекулации, на трикови, и двосмилени потези само ја одалечуваат државата од било каков успешен исход од разговорите кои се започнати.

-ВМРО-ДПМНЕ единствено за што се залага е подобрување на законските решенија и применување на европските пракси, како и обезбедување на механизми за заштита на изразената волја на граѓаните. СДСМ треба да престане да ја дезинформира јавноста и да дефокусира од заложништвото во кое ја втурна прифаќајќи го штетниот договор со Грција, нагласуваат од партијата.

 

Поврзани новости