Дедо ги пасел козите, две момчиња го турнале и му ги украле парите и мобилниот телефон

by Fokus

Осумдесет и едногодишен старец додека пасел кози, две момчиња го турнале и му ги земале парите и мобилниот, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 11,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во близина на железничката станица во населба Драчево, додека Т.J. (81) од Скопје напасувал кози, од позади грб со мотор му се приближиле Н.Ѓ. (19) и Р.С. (18), го турнале на земја и од ранецот му одзеле околу 13.000 денари и мобилен телефон. По превземени мерки од страна на полициски службеници Н.Ѓ. и Р.С. биле приведени во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка.

Поврзани новости