По прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со реакција се јавија од владејачката партија. Од таму тврдат дека Заев покажал дека нема никакво чувство за државност, ниту осет за националните и стратешки интереси.
– Со денешната прес конференција практично ја олесни позицијата на Република Грција и ги откри преговарачките тактики на Република Македонија. Денес е повеќе од јасно дека Заев е обичен инструмент за дестабилизација и дека спроведува однапред напишано сценарио, спротивно на државните интереси – се наведува во реакцијата на владејачката партија.
Оттаму дополнително велат, доколку се слушнеле “само креираните разговори, дури така монтирани и сечени како што ги употребува Заев“, се заклучувало следново:
– Јасно се потврди дека референдумското изјаснување за предлог кој би бил прифатлив е единственото решение за името за кое се залага и работи ВМРО-ДПМНЕ.Стана кристално јасно дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ бара гаранција за идентитот и дека е чувар на индентитетското прашање. Заев директно ги разоткри преговарачките тактики, и нанесе непоправлива штета, што е пример каков не постои во ниту една друга држава, така бесчувствително и безобзирно да се загрозат државните интереси. Со денешната позиција Заев покажа дека е политичар каков Грција само би можела да посака. Со денешната прес конференција Заев потврди дека не сме ги лажеле граѓаните и меѓународната заедница, туку континуирано и искрено сме барале решенија како Македонија да стане член на НАТО и ЕУ – се наведува во реакцијата од партијата на власт.
Според ВМРО ДПМНЕ денешната прес конференција била само жална потврда за нарачателите на “ова сценарио“ и улогата на инструментот Заев кој имал задача да го спроведе.