508
„Амстердамската тројка“, составена од Владимир Лазаревиќ, Перо Димшоски и Никола Димитров, во пресрет на 15-тиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, ќе формира граѓанско движење со име „Има иднина“. Тие нема да делуваат како политичка партија, туку велат дека ќе понудат сериозна платформа за излез од политичката криза и враќање на демократијата.
Изминативе два месеца, Лазаревиќ вели дека им укажувале на членовите на ВМРО-ДПМНЕ дека се потребни сериозни внатрепартиски реформи. Тој го гледа партискиот конгрес како иделно место за луѓето во партијата да покажат отпор на она што моментално се случува во државата.