Зоран Заев е на прав пат да ја уништи државата на секое поле, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина на СДСМ во Штип и почетокот на караванот „На прав пат“.
-Со право јавноста се прашува за каков прав пат говори кога нема напредок во ниту едно поле, туку само пропаѓање надолу. Така подобро е да се каже дека Македонија со Заев е во стрмоглав ПАД. За Зоран Заев прав пат е падот на листата на Транспаренси Македонија кај што по индекс на перцепција на корупција делиме 93 место заедно со афричките земји. За Зоран прав пат е падот на стандардот на граѓаните при што имаме над 500 илјади граѓани кои живеат на работ на сиромаштијата. За Зоран Заев прав пат е бесперспективноста на граѓаните. Над 80% од младите сакаат да ја напуштат Македонија затоа што младинската невработеност е 47%. За Зоран Заев прав пат е податокот дека на Шангајската листа нема ниту еден универзитет од Македонија, затоа што образованието тоне во хаос. За Зоран Заев прав пат е најнискиот раст на економијата на регионално и европско ниво и тоа што јавниот долг надмина 5 милијарди евра. За Зоран Заев оценката НУЛА од странските инвеститори е прав пат и податокот дека странските инвестиции се убедливо најниски во регионот. Прав пат за Заев е случајот Рекет 1, Рекет2, Рекет 3, заедно со торбите Луј Витон во кои до гуша се заглавени лица од неговото непосредно опкружување, што само потврдува дека токму тој е главата на вака добро организираниот криминален октопод. Постојат уште десетици клучки параметри кои го побиваат тврдењето на Заев дека е на прав пат. Сите останати граѓани добро чувствуваат по свој грб и по својот џеб дека државата тоне, хаос има во секој сектор, а единствено цвета криминалот и бизнисите на функционерите од власта. Ако е толку убеден Заев дека е на прав пат нека смогне храброст и нека се соочи на избори час поскоро, за конечно да ја ослободи државата и да започне темелната обнова на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.