ВМРО-ДПМНЕ: Заев да престане со притисоци врз судската власт

by Fokus

Падот на оваа влада е се поочигледен. Поразот на СДСМ се ближи. Поради тоа Зоран Заев преку Уставниот суд создава можност после поразот на предвремени парламентарни избори да биде амнестиран за сите коруптивни афери и зделки познати во јавноста, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„За да се оствари тоа, Уставниот суд ќе создаде пракса, Пендаровски ќе реализира.

Одлуката на Уставниот суд е јасен показател дека тој, како и останатото судство, целосно се потчинија на волјата на Заев и СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Заев да престане со притисоци врз судската власт.

ВМРО-ДПМНЕ е против амнестии и против аболиции. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи амнестии и аболиции. Доколку Заев продолжи со неговиот план и ги разгневи граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со нив на протести“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости