ВМРО-ДПМНЕ: Заев да им одговори на граѓаните кои делови од учебниците по историја ќе ги брише

by Fokus 09:14
09:14

Заев трет ден молчи и бега од одговор, одбивајќи да и каже на македонската јавност што точно договорил во Софија. Заев има обврска за транспарентно и инклузивно работење особено кога станува збор за прашања од највисок национален интерес, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните на Република Македонија се вознемирени бидејќи не знаат што точно прифатил Заев во договорот чие потпишување го најави за 2 август. Зоран Заев треба да им одговори на македонските граѓани кои делови од учебниците по историја ќе ги брише и кој ќе одлучи што да се брише? Дали ги прашал за тоа македонските граѓани на кои им ветуваше дебата за секое позначајно прашање? – се ваедува во партиското соопштение.

 

 

Поврзани новости