721
Немирите и насилството не се патот кон поцврста демократија, туку начин на нејзино подривање. Информациите од Вашингтон се загрижувачки, но во исто време сме и убедени дека ќе победи демократијата, слободата и правото, велат од ВМРО-ДПМНЕ за упадот во американскиот Конгрес.
-Единствено ваквите настани им одат во прилог на оние кои создаваат поделби, не посакуваат единство кај народот, и кои зад завесата на немилите инциденти извлекуваат лична корист. Насилството не е патот кон поцврста демократија,пишуваат од партијата во својата објава наТвитер.