Тоа е типична изјава за исплашен и уценет човек од типот и профилот на Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на лидерот на СДСМ, Зоран Заев да не прифати дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на телевизија „Алфа“.
– Ние знаеме во Република Македонија дека моментално имаме хибриден режим кој што полека, но сигурно преминува во авторитарен режим и нормално човекот кој што е креатор на сето тоа е токму Зоран Заев. Во Република Македонија изминатиов период можете да забележите како новинари и сите останати граѓани во Република Македонија кој што размислуваат поинаку од Зоран Заев и неговата врхушка која што владее криминално изминатиот период се соочуваат со драконски казни, се соочуваат со потенцијални затворски казни, а наспроти нив го имаме на пример Курто Дудуш, градоначалник од Шуто Оризари кој што брутално тепаше човек во неговата канцеларија и за тоа нема никаква одговорност, односно човекот помина со опомена. Тоа е Зоран Заев и тоа е веќе видено негово лице и добро познато за македонската јавност. Граѓаните се повеќе од свесни за сиот криминал негов изминатиов период кој што го стори во Република Македонија за сите негови погрешни чекори и за цела оваа тортура и притисок кој што го трпат и граѓаните од негова страна и неговите послушници, но и вие како новинари и нормално вашите новинарски куќи. Сето ова завршува на 12 април. По 12 април имаме нова реалност во Република Македонија, ќе имаме нов премиер во Република Македонија, Христијан Мицкоски. Така да ова се би рекол последните крици на Зоран Заев и последните обиди на некој начин како давеник за сламка да се одржи онолку колку што може до 12 април, вели Орце Ѓорѓиевски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.